User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Црква Св. Ѓорѓи - с. Горни Козјак, Штип

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

На просторот каде, според одредени научни претпоставки, некогаш постоела населбата Козјак, на десетина киломерти североисточно од градот Штип, во месноста Горни Козјак и во близина на археолошкиот локалитет Баргала, подигната е средновековната црква Св. Ѓорѓи.

Постојат различни теории и претпоставки за времето на нејзиното настанување. Одредени мислења го посочуваат периодот од XI – XII век, но поголем број научници ја датираат во периодот од IX – X век, односно во времето на покрстувањето на Словените по долината на Брегалница.

Станува збор за црква изградена од кршен речен камен со варов малтер и со многу доцноантички сполии од Баргала. Таа е со основа на впишан крст и со купола чиј тамбур е осмостран. Нартексот е со камен свод и преку трибелонот е поврзан со наосот. По една бифора има на северната и на јужната страна.

Извршените истражувања укажуваат дека во XIV век црквата е обновена, при што на јужната страна на нартексот е доѕидан параликс со квадратна основа и полукружен тамбур, горните делови на бифорите се затворени и извршено е третото по ред живописување.

Од првиот слој на живопис од двете полукружни ниши, само од јужната е сочуван фрагмент од фреска на која бил претставен лик на светител.

Вториот слој на живопис е датиран во третата четвртина од XIII век, од кога потекнува старата фреска од северозападниот пиластер на која, со архаичен изглед е претставен Исус Христос Антифонитис.

Третиот слој на живопис е од XIV век и, според разликите во стилските особености и уметничките квалитети, се претпоставува дека потекнува од најмалку четворица сликари. Како најуспешни се издвојуваат мајсторот што ги насликал композициите од северниот и јужниот ѕид, како и оној кој се јавува како автор на копмпозицијата што се наоѓа јужно од влезната врата, на западниот дел, а на која е насликан непознатиот ктитор на црквата, неговата жена и син, сите во цел раст, поставени анфас и во молитвена поза.

Во внатрешноста на црквата има гроб за кој не се знае од кога потекнува, дали постоел пред нејзиното подигнување или пак некој покојник е погребан во нејзината внатрешност. Исто така околу црквата е откриена некропола со гробни дупки и камени гробни конструкции каде погребувањето се извршувало во периодот од VII па се до втората деценија на XX век.

  • English
  • Македонски