User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Залив на Коските – Охридско Езеро

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Во 1997 година се извршени првите подводни археолошки истражувања во Македонија на локалитетот Плоча Миќов Град во Заливот на Коските, покрај јужниот брег на полуостровот Градиште, близу селото Пештани. На длабочина од 3,00 до 5,00 метри биле откриени многубројни дрвени колци закачени на дното од езерото и многуброен движен археолошки материјал со хронолошка припадност на крајот од бронзеното и почетокот на железното време.

Во 1998 година е изведена втората кампања на подводни истражувања на овој локалитет, при што се откриени, нумерирани, измерени и позиционирани 3102 колци. Подводни археолошки истражувања се вршени во кампањи континуирано до 2002 година, а со прекини до 2005 година, при што се откриени и документирани остатоци од 6000 дрвени колци.

Врз основа на премерувачките зафати на габаритниот простор од населбата констатирано е дека таа се простирала на површина од околу 8500 м2. Била изградена на платформа од дрвени колци закачени на дното од езерото. Дијаметарот на колците варира од 13,0 до 30,0 см. Утврдено е дека најблискиот колец до северниот брег од заливот се наоѓа на сса 12 метри во езерото што упатува на податок дека тоа е колец од подвижниот мост со кого населбата била поврзана со копното.

Истражувањата покажаа дека на дното од езерото на просторот од оваа населба има впечатлива концентрација на цели и особено фрагментирани керамички садови, камени артефакти и фрагментирани животински коски. Керамичките садови и фрагменти главно се со груба фактура и ретко украсени со релјефна орнаментика, а од формите доминираат садови со држалки кои во горниот дел се стеснуваат и аглесто се истакнати, а го надвисуваат венецот на садот. Особено се присутни хоризонтално поставени држалки, а има и садови без држалки, лонци, кои во горниот стеснет дел, на вратот, имаат кружни отвори кои најверојатно служеле за протнување на канап или кожа заради нивна полесна употреба, односно носење на рамо или слично.

Меѓу керамичките држалки има и такви кои го надвисуваат венецот вертикално, а завршуваат со заоблено или зарамнето цилиндрично столпче, карактеристични за раното железно време, односно за протогеометрискиот и геометрискиот период на медитеранските простори. Во рамките на движниот археолошки материјал особено се присутни кружни керамички плочки со различен дијаметар кои имаат два, три или четири мали кружни отвори. Се претпоставува дека овие предмети биле користени како риболовен прибор на тогашните жители од населбата. Од керамичките предмети присутни се исто така разни форми на пршлени, конусни и биконусни, како и предмети за ритуални потреби - жртвеници.

Камените орудија се главно фрагменти од рачни мелници за жито, како и цели измазнети елипсовидни камени предмети кои сигурно служеле како како алатки за перење на облеката. Меѓу многуте фрагменти од коски на домашни животни, присутни се и фрагменти од еленски рогови кои најверојатно служеле како алатки. Врз основа на резултатите од овие подводни теренски истражувања и врз основа на анализите на движниот археолошки материјал може со сигурност да се каже дека оваа наколна населба припаѓала на доцното бронзено и на железното време, односно на времето од 1500 до 700 година пред Христовата ера.

Заливот на Коските на Охридското Езеро од 8 декември 2008 година навака претставува атрактивен музејски комплекс насловен како Музеј на вода во чии рамки влегуваат повеќе содржини: претпоставена реконструирана наколна населба на локалитетот Плоча Миќов Град на дрвена платформа поставена на дрвени колци закачни на дното од езерото, римски каструм кој е конзервиран, реставриран и презентиран на највисокото плато од ридот `Градиште`, пристапен рустичен објект од камен со музејски витрини и рустичен објект за реализација на подводен туризам.

  • English
  • Македонски