User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Стоби

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Главен трговски и културен центар во регионот за време на Римското царство

Во устието на реката Вардар со Црна Река, прострен на три тераси се наоѓа античкиот град Стоби. По долините на реките Вардар и Морава поминувале главните патишта на Балканскиот Полуостров, кои ги поврзувале областите на северен Балкан со медитеранските земји уште во праисториско време. По овие патишта се движеле културните влијанија од југ кон север и обратно, па овој простор бил населен уште во неолитскиот период, на што ни укажуваат ќерамичките археолошки наоди од ова време.



Градот е основан во 359 г.п.н.е. а живее и се развива се до 6 век од нашата ера. Со доаѓањето на римјаните и победата над македонскиот крал Персеј, Македонија е поделена на четири области, а Стоби станува трговски и културен центар на третата област. Со развивањето на Македонија како римска провинсција, Стоби добива ранг на муниципулум (главен административен центар).

Стоби го доживува својот најголем развиток во раниот и средниот римски период, тој бил значаен и влијателен град, а подоцна станува и епископско седиште. Почнува да пропаѓа со ограбувањето од војските на Теодорих, по што го следи страдање од големиот земјотрес во 518 година (во која страда и Скупи), за на крај да ја заврши својата историја со аваро-словенските напади во 6 век.


Ова е еден од најбогатите археолошки локалитети во Македонија - покрај многубројните наоди од ќерамика, метални орудија и накит, прочуени се и повеќе репрезентативни објекти од профан и сакрален карактер: театар, бањи, форум, приватни резиденции, базилики и слично.

Северната базилика е ранохристијанска базилика со развиена површина која во својот склоп содржи и баптистериум во кој се вршело покрстување на новите следбеници на христијанската религија. Црквата е подигната на местото на постар објект, кој најверојатно имал сакрална улога. Покрај оваа, постојат и цивилна базилика, и базилика-синагога која укажува дека во Стоби постоела и еврејска заедница. Јужно од синагогата се наоѓа Куќата на Псалмите, позната по луксузниот мозаичен под во големата сала, на кој како ранохристијански мотиви се среќаваа елени, барски птици и геометриски орнаменти. Сето тоа укажува дека оваа резиденција и припаѓала на црквата или на некој од црквените великодостојници.



Една од најлуксузните резиденции досега откриени во Стоби е Теодосијанската палата, каде се претпоставува дека престојувал римскиот император Теодосиј I при неговата посета на градот. Тоа е богато украсена палата со мермерни и мозаични подови, базен околу кој стојат осум мермерни пиедестали со статуи, и раскошни цветни тераси. Слична по форма, веднаш до оваа палата се наоѓа и куќата на Партениј, која е поскромно изградена и украсена. Како станбен комплекс за повеќе фамилии се среќава Перистерината куќа, која се одликува со голем отворен двор украсен со фонтани. И во оваа куќа не се изоставени богатите мозаични подови и мермерните декорации.

Во градот постоеле и терми (бањи) градени во стилот на доцноантичките бањи, со простории за ладна, млака и топла вода. Топлината била пренесувана по античкиот принцип на хипокаусти.

Античкиот театар во Стоби имал капацитет од 7638 гледачи, и во него, покрај театарски претстави, се одвивале и борби со диви животни и гладијатори. Со признавањето на христијанството како државна религија, римскиот император Константин Велики ги забранува ваквите претстави.

Покрај раскошните мозаични подови од ранохристијанскиот период, стоби ни остава и други уметнички остатоци, како статуата на императорот Хадријан, мермерната глава на девојка, статуата на Акслепиус и други.

  • English
  • Македонски