User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Скупи, Зајчев Рид – Скопје

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Најголемиот античко-римски каструм во Македонија

Во близината на денешното римско Скупи на Зајчев Рид, се наоѓала истоимена предримска населба, која името го добива од дарданскиот назив за стреи, засолништа, шупи... Блиску до оваа згодна позиција каде поминувал главниот пат од југ кон Дунав на север, Римјаните ќе го изградат својот град во подножјето на Зајчев Рид, и ќе го задржат старото име на градот.

Раѓањето на градот Скупи е поврзано со римската војска, со чие доаѓање во овој крај, продира цивилизацијата во Скопската котлина. Се смета дека во времето на Октавијан Август (околу 12 г.п.н.е.) двете македонски легии на римската војска биле префрлени на теренот на новосоздадената Дарданија. Војската била стационирана во јужниот дел на Дарданија, најверојатно во Скопската котлина, кај Скупи. Токму поради тоа, овој град прераснал во легиски логор (римски каструм) со огромни димензии.

Подоцна, за време на владеењето на Тибериј и Клавдиј, македонските легии биле префрлени на границите на римската империја. Напуштениот каструм подоцна ќе го населат многубројни придојдени цивили и домашно население. Во овој град, исто така се населувале и ислужени воени ветерани, кои од римската империја добивале свои имоти низ Скопското поле. Во градот населението било различно по потекло и социјална положба - ветераните потекнувале од разни краишта, од западен Медитеран, преку Италија па се до Сирија.

Се претпоставува дека урбаниот живот на градот замира некаде во 5 век. Се смета дека во овој период градот ја намалил површината, се собрал само на платото на Зајчев Рид (на акрополата) околу која биле изградени нови градски ѕидини. Новиот град зафаќал приближно 5 хектари, површина речиси десет пати помала од првобитниот Скупи. Со катастрофалниот земјотрес кој ја зафаќа Дарданија во 518 година, Скупи престанува да постои.

Градот Скупи е шаблонски и однапред планиран римски воен каструм со правоаголна основа - неговите страни бројат 2000 и 2500 римски стапки. Градот бил опфатен со силен ѕид граден од кршен камен, кој имал дебелина од 3 метри и дополнително бил зајакнуван со квадратни кули.



Пред цивилната и ранохристијанската базилика кои се откопани во Скупи, мора де се спомне најголемиот антички театар во Македонија. Изграден во времето на императорот Хадријан, овој театар имал сложена конструкција и богата надворешна обработка од мермери и шкрилци во боја, па не заостанува пред ниедно од најпознатите дела од тоа време во светските метрополи.

Гробиштата на градот се простирале покрај сите четири страни од правоаголникот. Мртвите биле закопувани со различни ритуали, при што се положувале богати дарови од кои денес може да се открие професијата и социјалниот статус на мртвиот.

  • English
  • Македонски