User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Скопски аквадукт

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Скопскиот аквадукт се претпоставува дека го изградил Јустинијан I во период од 527 - 554 година, па поради тоа се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Постојат и претпоставки дека тој е изграден во 16 век за време на отоманската империја. Аквадуктот се наоѓа северно од центарот на град Скопје на одалеченост 3 км воздушна линија од плоштадот Македонија, односно 5-6 км по земјен пат.

Во својата архитектонска композиција во правец север - југ содржи две пристапни рампи, 53 столбови, 54 основни и 42 помали сводови на затекнатите олеснувачки затворени и отворени отвори над столбовите. Вкупната развиена должина на споменикот на културата изнесува 387,98м со висинска кота на Јужната рампа 279,46м и на Северната рампа 280,485м или со денивелација од 1,025м во постојната состојба.

Во врска со изгледот, состојбата, датирањето и функционирањето на Јустинијановиот водовод и монументалниот објект на Јустинијановиот акведукт, постојат повеќе стари цртежи и фотографии или разгледници записи од познати историчари и хроничари, странски патописци, дипломати и посетители, како и водичи и трудови од воени лица, инженери, историчари на уметноста и севозможни научници. Така, на пример, во 1560 година безимениот венецијански патописец на акведуктот гледа 60 отвори, а во 1669 година Англичанецот, доктор Браун, напишал дека акведуктот е "...прекрасна древност, којаму прави голема гордост му прави на ова место" и дека на акведуктот има "...двесте отвори".

  • English
  • Македонски