User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Македонски тип гробница од Старо Бонче

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Археолошкиот локалитетот Павла Чука се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена.

Составена е од отворен дромос вклесан во карпа кој во вид на рампа се спушта во гробницата; потоа следува засводениот дел од дромосот со должина од 11 метри и висина од 3 метри. На почетокот на засводениот дромос од двете негови страни откриен е ѕид кој во вид на прстен ја окружува целата гробница.

Ѕидот е составен од три реда монолитни блокови со 1,5 метри висина. Дијаметарот на овој ѕид е 32 метри, а вкупната должина на ѕидот би изнесувала околу 100 метри. Засводениот дел на дромосот и ѕидот кој ја окружува гробницата се ѕидани од монолитни гранитни блокови со правоаголна форма, а некои од нив достигнуваат тежина и до 2 тона. Мајданот за овие монолитни блокови се наоѓа на околу 800 метри јужно од гробницата. Тие во аморфни форми се носени до гробницата, а потоа се доработувани на самото место. По засводениот дел на дромосот констатирани се преткомората која има димензии од 1,5 x 3,0 метри и комората со димензии од 4,0 x 3,0 метри, со зачуваната висина од 2 метри. Комората и преткомората се направени од прецизно сечени блокови од бигор со правоаголна форма со димензии 0,50 метри висина, а должината е меѓу 0,80 и 1.20 метри.

Зачувани се и два мермерни прага преку кои од засводениот дромос се влегувало во преткомора и комората, а на кои стоеле двокрилни врати. Во предниот дел и надвор од дромосот, поточно источно и западно од дромосот, откриени се 8 детски гробови кои според монетите откриени во нив може да се датираат во крајот на IV и V век.

Според позицијата на овие гробови, може да се заклучи дека гробницата била ограбена и разградувана уште во антиката. Во отсуство на материјал од времето кога е изградена гробницата, околу датацијата можеме да се потпреме на архитектурата. Имено, аналогни гробници со овој тип на свод најрано се датирани по средината на IV век пред н. е., односно повеќето кои работеле на оваа проблематика се согласни дека овој тип на свод на македонските гробници започнува да се применува по освојувањата на Александар III Македонски.

  • English
  • Македонски