User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Доцнотермално Римско лекувалиште, Банско, Струмица

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Римјаните преку нивните градежни активности оставиле видливи траги во ова подрачје. Еден од најрепрезентативните докази за тоа е објектот на доцноримското термално лекувалиште во Банско, на 12 км југоисточноно од Струмица, под падините на планината Беласица.

Објектот ги користел термално-минералните води на изворот Парило, кој се наоѓа педесетина метри југозападно од бањата. Капацитетот на изворот е 42л/с, што е доволно за снабдување и квалитетно опслужување на бањата.

Лековитоста на водата со температура од 72оC, уште одамна забележана од Римјаните, е благодет кој е користен и во подоцнежните периоди. Денес на ова место постојат повеќе угостителски објекти коишто обично ги користат лековитите својства на водата.

Во бањата досега се откриени 11 простории со вкупна површина од 623 м2. Зачуваноста е најизразена во просторијата што служела како сауна, каде што се наоѓаат еден крстовиден и еден полукружен свод, како и во просторијата која што служела како фригидариум - базен со ладна вода со зачувана полукупола над кадата. Кај останатите простории зачувани се почетните партии од сводните конструкции. Исто така, во сите откриени простории целосно се зачувани подовите градени од тула и малтер.

Останал и комплетниот систем на подното и ѕидното затоплување со сите негови елементи. Во двата големи базени зачувани се подовите и ѕидовите, а од посебна важност е тоа што доводните и одводните канали сеуште функционираат. На објектот се констатирани три градежни фази и неколку помали интервенции во секоја фаза одделно. Судејќи според начинот на ѕидањето и археолошкиот материјал, бањата е подигната во 3 и 4 век.

Треба да се спомене и објектот во самиот центар на градот, таканаречен Мачук, каде се откриени основи на објектишто припаѓаат на доцната антика. Со оглед на местоположбата, големината, архитектонската концепција на просториите и остатоците од ентериерот; мозаиците и фрескоживописот, може слободно да се каже дека станува збор за урбана палата меѓу 4 и 6 век. Со тоа се прошируваат и надополнуваат сознанијата за доцноантичка населба подигната во стариот дел на Струмица, каде што се одвивал непрекинат културен и духовен живот. Временскиот, односно културолошкиот континуитет уште еднаш се потврдува преку просторната димензионираност на цивилизациската присутност во овој крај.

  • English
  • Македонски