User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Брждански манастир, Кичево

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Бржданскиот манастир кој се наоѓал во месноста „Богоројчина краста“ претставува енигма до денешни дни. Податоците за неговото постоење се оскудни, повеќето се од усни преданија. Локалитетот е неистражен и за жал се забележливи дупки од диви копачи кои бараат вредни предмети.



Манастирот кој најверојатно е посветен на Света Богородица се наоѓа на еден рид помеѓу селата Брждани и Свињишта, задскриен од погледите на минувачите кои поминуваат по патот Кичево-Битола. Локацијата е околу 10 километри од градот Кичево. До него се стигнува од селото Брждани. Оддалечен е околу 30 минути пешачење. Може да се стигне само пешки. За самото место се испреплетени многу легенди, меѓу кои и за чудната светлина која селаните често пати ја гледале како патува од местото на некогашниот манастир до селската црква или кон манастирот Св. Богородица Пречиста (Кичевска) која се наоѓа на спротивната планина, кон Кичево. Одејќи по тесно козјо патче се покажаат урнатините од некогашниот манастир, кој не е премногу голем, и иако е во урнатини, контурите на влезот и олтарот се јасно видливи.



Манастирот е доста стар, сигурно има најмалку 500 години. Неофицијално истиот му бил претходник на денешниот Св. Богородица Пречиста пред да биде преселен. Се знае дека Турците наишле на силен отпор при обидот да го завземат овој манастир. Преданијата велат оти манастирот бил опкружен со бедеми.

  • English
  • Македонски