User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Археолошки локалитет Вардарски Рид – Гевгелија

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Вардарски Рид со својата позиција и конфигурација лесно одговара на потребите за населбинско живеење во речиси сите праисториски и антички периоди.

Така, повисокиот Рид кој доминантно се издига над рамницата и коритото на Вардар, лесно одбранлив, со стрмни карпести страни  и  заштитен пристап до водите на Вардар, претставува идеална позиција за праисториска населба од металните времиња. Од друга страна, понискиот Рид , кој поблаго се извишува со доволна површина и во непосредна релација со евентуалната патна линија во неговото подножје, ги  исполнува сите услови за развивање на градска населба во раните историските периоди.

Најстарите остатоци на Вардарски Рид се откриени инцидентно. Документираат живење на ограничен простор на најниската јужна тераса, во текот младото камено време. Почетокот на континуирано живење сепак се поврзува со источните падини на Ридот.  Таму се откриени остатоци од населба од самиот крај на Бронзеното време, Гробови.  Во секој случај, може документирано да се смета дека на  Ридот била лоцирана иницијалната праисториска населба од која во следните векови во текот на целиот прв милениум пред Христа, континуирано ќе се развиваат и шират следните населби. Од нив израснал и последниот историски посведочен старомакедонски град, кој егзистирал до доаѓањето на Римјаните и римската окупација на Македонија. Културни слоеви од следната населба од раното железно време или од првите векови на првиот милениум пред Христа, откриени се, како на источната падина на Ридот така и во  седлото мегу двата рида. Следната населба од полното железно време зафакала најшироки просторни рамки. Слоеви со богата културна содржина од VIII до VI век пред Христа се откриени на целата површина на локалитетот, на двата рида  и во седлото мегу ридовите.

Во следните векови (V-IV век пред Христа), со постепеното зголемување на улогата на Долно Повардарје или Амфакситида  се развиваат и соседните градски центри на север, по долината на Вардар, како: Европос, Аталанте, Гортинија. Еден од овие градови бил несомнено лоциран на Вардарски Рид.

Остатоците од овој град на Вардарски Рид се концентрирани главно на Ридот. Иако на помал простор од предходната железнодопска населба, откриените градби и инвентарот во нив  документираат економски и културно моќна населба со сите карактеристики на градско живеење. Големата градска Стоа, поедини високи уметнички остварувања и силната циркулација на различни монети од крајот на V и IV век пред Христа се најдобра илустрација на тоа. Во текот на III и II век пред Христа, израснал на целата површина. Врз рушевините од претходната населба била подигната нова населба со нова урбанизација, и по нови критериуми и односи, кои овозможиле нејзин брз економски и просторен развиток. Од оваа населба се откриени бројни градби - цели квартови и богат движен археолошки материјал. Посебно место зазема преку 500 монети од сите македонски владетели и ковници, од Антигон Гонат до првите римски  монети, кои се откривани во готово сите истражени објекти. Животот во овој град бил насилно прекинат некаде околу средината на II век пред Христа и никогаш повеке не бил обновен. Многу векови подоцна, во текот на 12-13 век, на Јужната Тераса, во рушевините од предримската населба на Вардарски Рид биле вкопувани средновековни скелетни гробови.

Поедини градежни интервенции се случувале на локалитетот и во следните векови, во време на турското владеење со Македонија или во текот на XX век, се до најново време. Последните неколку децении Вардарски Рид е уреден  како излетничко место, со пристапни патеки,  широк паркинг, Кампинг и Мотел. Кампингот веке не е во употреба. Таму, на просторот на Источната тераса се вршат интензивни систематски истражувања.

  • English
  • Македонски