Еднодневни
Кокино – Македонскиот Стоунхенџ
Тргнување од вашиот хотел наутро. После еден час возење се пристигнува до трагите на `Македонскиот Стоунхенџ` - популарно име за Македонската мегалитска опсерваторија Кокино. Лоцирано е на 1030 метри надморска височина на врвот Татичев камен, 32 км источно од градот Куманово. Според НАСА, ова е четвртата најстара опсерваторија (повеќе од 3800 години стара) во светот. Опсерваторијата го дефинира четирите главни позиции на месечината и трите главни позиции на сонцето, есенската и пролетната рамнодневница и летната сончева пресвртница. Астрономите и археолозите претпоставуваат дека постојат уште три или четири вакви опсерватории во регионот. Посета на собата на ритуалите и троновите. Пауза за кафе.
Кратово и Лесновски манастир
Тргнување од вашиот хотел наутро. После еден час возење се пристигнува во селото Куклици. Во непосредна близина на селото се наоѓа природниот феномен опишан во страшната локална легенда.
Стоби и Тиквешки вински регион
Тргнување од Скопје наутро. Кратко застанување кај градот Велес. Пристигнување во Стоби. Стариот град Стоби е лоциран кај утоката на Црна Река во Вардар и е еден од најпознатите археолошки локалитети во Македонија. Тој бил најголемиот Римски град во Македонија.
