Исламска архитектура
Исак Џамија – Битола
Исак Челеби Ибн Иса џамија е изградена во 1506 год. и таа е една од најстарите зачувани џамии во Битола. Наспроти Саат Кулата, и Големиот Безистен, оваа џамија чиј минарет е висок околу 50 метри, едноставно доминира во просторот. Оваа џамија била само дел од големиот вакаф на ктиторот кој освен оваа џамија изградил и медреса, мектеб, 103 дуќани, лозја, 20 воденици и многу други објекти. Целокупниот овој имот требало да биде издржуван од приходите од неговите дуќани во чаршијата, но и од приходите од останатите делови од неговиот имот.
Саат Кула – Битола
Според старите преданија денешната Саат кула е изградена во истиот период кога во нејзина непосредна близина се градел и православниот храм Св. Димитрија, во триесеттите години на XIX век, иако постоењето на саат кула во Битола се споменува уште од XVII век.
Конаците на Хавзи Пашa - Бардовци, Скопје
Еден од најимпозантните споменици на исламската профана архитектура на територијата на Балканскиот Полуостров, од времето на феудалното општествено уредување претставуваат конаците на Хавзи Паша во скопското село Бардовци. Тие, како и чифликот на овој скопски паша, биле подигнати во првата половина на XIX век. Во споредба со другите на Балканот, конаците во Бадровци се истакнувааат како по својата големина така и по извонредната стилска обработка и декоративна разновидност и богатство. Како и да е, тие во основа носат белези на чифлик.
Беговиот Амам – Тетово
Беговиот амам во Тетово потекнува од 15 век и претставува значаен споменик на своето време.
Арабати Баба (Серсем Али Баба) Теќе – Тетово
Едно од најубавите и најсочувано дервишко теќе во Тетово
Мустафа-пашина Џамија – Скопје
Еден од најубавите исламски споменици во Скопје
