Жанета Вангели
Жанета Вангели е родена во Битола во 1963 година. Дипломирала на Државниот Факултет за ликовни уметности – Штеделшуле, во Франкфурт/М. во 1988 година. Живее и работи во Скопје. Таа е мултимедијален уметник, активна во областа на сликарството, фотографијата, видеото и филмот.

Вангели имала самостојни изложби во Скопје, Франкфурт, Келн, Њу Јорк, Стокхолм, и има учествувано на повеќе групни изложби и филмски фестивали: 50-та Интернационална уметничка изложба, Сонови и Конфликти, Диктаторството на гледачот, Биеналето во Венеција, Македонски павиљон, Венеција 2003, Крв и Мед, Уметноста на денешнината, Колекција Ессл, Виена 2003, 59-та Интернационална изложба на кинематографската уметност, светска премиера на `Судијата`, Секција: Нови територии, Венеција 2002, После Ѕидот, Музеј на современа уметност, Стокхолм 1999, Аспект, Позиција, Скопје интернационален филмски фестивал, Скопје 2006, 7-ми Интернационален независен филмски фестивал во Буенос Аирес, 2005, Прв Берлински фестивал на фотографија, Интернационален филмски фестивал во Рио де Жанеиро, 2004 итн.

