Сергеј Андреевски
Thu, 07/01/2010 - 16:46
Сергеј Андреевски (Скопје, 1960) е македонски сликар. Претставник е на експресионизмот во македонското сликарство, со нагласок врз гестот, примарните бои и егзистенцијалниот карактер на самиот чин на сликање.
Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Стипендии и студиски престои: Рим, Нирнберг, Архус, Париз, Њујорк, Северна Каролина, Имадате, Истанбул, итн. Реализирал 400 групни изложби и 53 самостојни изложби во Европа, САД и Азија. Добитник е на повеќе национални награди и признанија.