User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Душан Перчинков

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Душан Перчинков е роден 1939 година во Скопје. Академија за ликовни уметности завршил во Белград, кадешто ја има и својата прва самостојна изложба. Досега приредил десет самостојни изложби и учествувал на бројни групни изложби во Македонија и во странство, меѓу кои е и учеството на Биеналето во Венеција во 1978 година.


Сликарското творештво на Душан Перчинков е работено во духот на метафоричната апстракција, која преку асоцијативните врски останува постојано врзана за природата и нејзините пејзажи. Во неговиот најпознат циклус дела настанат меѓу 1970 и 1975 година, Перчинков ја обработува темата на предградието: идеалниот простор, кадешто урбаното и природното се добираат и преплетуваат во меѓусебна хармонија. Бројните графички циклуси настанати од 1975 до 1991 година, содржат различни сериски развивани варијации на неговите карактеристични мотиви со копи сено или со т.н. предели на тревата, кои со текот на годините доживуваат се поголема редукција на симболичката реторика и кои се претвораат во минималистички третирани ликовни знаци кои потсетуваат повеќе на форми присутни во јазикот, отколку во природата.



Од 1991 година до денес, Перчинков работи на повеќе серии концепциски обединети графички мапи, во кои идеализмот на предградието го заменува со бекетовското третирање на апсурдот, односно со обидот во визуелна форма да претстави такви апстрактни и философски идеи како што се оние содржани во поимот `ништо` или во можноста да се добие збир на бројот `нула`.

  • English
  • Македонски