User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Томе Серафимовски

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Томе Серафимовски, македонски скулптор, е роден на 14 јули 1935 година, во с. Зубовце, Македонија. Основното образование го завршува во Гостивар. Во 1957 година, во Сплит, завршува средно уметничко училиште, отсек вајарство, во класата на професорот Жељко Радмиловиќ, а соработува со професорите Иван Мирковиќ и Марин Студин. Едновремено, во периодот од 1955 до 1957 година, работи како сликар сценограф во Народниот театар во Сплит. Потоа, своето образование го продолжува на Академијата за ликовни уметности во Загреб на која дипломира во 1963 година, во класата на професорот Антун Аугустинчиќ. Притоа, во текот на истата година, тој е соработник во мајсторската работилница на својот професор.

Во јануари 1966 година, како стипендист на Владата на Република Франција, заминува на студиски престој во Париз. За тоа време, како соработник кај Алиција Пеналба, учествува во реализацијата на повеќе скулптури на оваа позната француска скулпторка. Повеќегодишниот престој во Париз остава видливи траги врз творештвото на Томе Серафимовски. Во критиката, тој е ситуиран во традицијата на париската школа останувајќи, притоа, верен на духот на медитеранската традиција. Надоврзувајќи се на искуствата на Мештровиќ и на Аугустинчиќ и живеејќи во светот на Роден, на Бурдел, на Мајол и на Бранкуси, Томе Серафимовски создава величествен свет на скулптури, со исклучително чувство за рамнотежа и за хармонија, движејќи се  успешно помеѓу националното и универзалното.

По враќањето од Париз, кон крајот на 1969 година, извесно време работи како сценограф во Телевизија Скопје. Потоа  живее и работи во Гостивар и во Охрид (од 1970 до 1987) па одново се враќа во Скопје. Притоа, активно учествува на многу југословенски и македонски конкурси и создава голем број споменици.



Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (од 1962 г.). Член е на МАНУ (од 1988 г.), член е на САНУ, во редот на странските членови (од 2003 г.), како и член на Светската академија за уметност и наука, со седиште во Сан Франциско (од 2006 г.).



Томе Серафимовски има создадено, во траен материјал (бронза, мермер, оникс и дрво) над 500 скулптури. Од тоа, околу 250 одделни портрети, повеќе од 170 актови, 100-тина скици, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, над 15 анималистички претстави, околу 10 торза и релјефи, а реализирал и 40-ина споменици и спомен-обележја (на повеќе теми) кои се наоѓаат низ просторите на Република Македонија, на поранешна Југославија и во светот.

Неговите дела се наоѓаат и во повеќе приватни и јавни збирки, во галерии и во музеи, како и во многу други институции ширум светот, како што се во: Галеријата на Бакингемската палата (во колекцијата на принцот Чарлс) во Лондон, Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, Ватиканската библиотека, Музејот на друштвото на писателите во Лас Палмас, Гран Канарија, приватната колекција на Силвио Берлускони во Рим, Македонскиот културен центар во Перт, Фондацијата `Кирил и Методиј` во Софија, Галеријата на Фестивалскиот центар во Варна,  Спомен-куќата `Едвард Кардељ` во Љубљана, Градската библиотека во Карловац, Музејот на градот Мостар, Народниот музеј во Валево, Галеријата на великаните во МАНУ, Градскиот музеј во Ѓаково, Хрватска, Уметничката збирка на САНУ во Белград, Музејот на современата уметност во Скопје, Драмскиот театар во Скопје, Драмата на МНТ во Скопје, католичките цркви `Срце Исусово` во Скопје и `Св. Кирил и Методиј` и `Св. Бенедикт` во Охрид, Библиотеката на  ХАЗУ во Загреб, фоајето на Драмскиот театар во Скопје, Уметничката збирка на ХАЗУ во Загреб, како и во други институции во Македонија  и во многу делови од светот.

Во текот на повеќе од педесет години активно творештво, Томе Серафимовски учествувал на околу 300 групни и колективни изложби, а реализирал над триесет самостојни изложби, во земјата и во странство. За своето скулпторско творештво, тој е добитник на многубројни награди и признанија.

  • English
  • Македонски