User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Љупчо Илиевски

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Љупчо  Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација  фотографи,кој негува  специфичен, уметнички стил  и силен авторски печат. Засега,е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија  Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија `National Geographic`.


Роден е на 30 јули 1955 во Прилеп. Со фотографија се занимава од 1980, за во еден период да работи како соработник во ТAНЈУГ (Телеграфска Агенција Нова Југославија). За себе вели дека не фотографира, туку дека пишува со светлината и тоа не на актуелни теми, туку во фокусот му се наизглед неважни теми, кои ги обработува долг временски период и со голема посветеност. Негува  посебен интерес за театарската фотографија, која во себе носи креативна драматичност и игра на сенки. Во последниве седум години негов нов предизвик е  историјата  стара 4.000 години.  Приказната за Кокино, раскажана преку записот на Илиевски, неодамна резултираше со изложба, која предизвика подеднаков восхит и кај публиката и кај критиката.



Илиевски е автор на  7 самостојни изложби, а како член на `Фото-клуб 25` учествувал и  на повеќе групни изложби. Присутен  е на повеќе филмски фестивали, а за својата работа повеќепати е наградуван. Неговиот потпис стои  и под поштенските марки со тема - Теракотни икони и  Кокино.

  • English
  • Македонски