Линда Адел Гудајн
Tue, 06/29/2010 - 15:20
Линда Адел Гудајн е професор по фотографија на Факултетот за уметност и дизајн `Херон` во рамките на Универзитетот Индијана во САД. Дипломирала на интердисциплинарните студии по англиска книжевност, ликовна уметност и економија на Универзитетот `Рочестер`, Њујорк, а магистрирала во областа на ликовната уметност како и во областа на комуникативните уметности (видео и теории на невербална комуникација).
Автор е на повеќе самостојни изложби (Мисури, Канада, Индијана, Нов Зеланд, Џорџија, Германија, Луизијана...). По пресставувањето во Република Македонија изложбата ќе биде претставена во Црна Гора. Изложувала на многубројни групни изложби во земјата и во странство.