Васил Зафирчев
Васил Зафирчев е еден од најдобрите млади актери и еден од водечките драмски уметници во Македонија. Роден е на 28.02.1980 година во Велес. Дипломира во 2002 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Веднаш потоа,Зафирчев настапува во повеќе театри во Македонија, како Македонскиот Народен Театар, Драмскиот Театар, Народните Театри во Велес, Прилеп и Струмица и Македонската Опера и Балет.
Со своите 28 години, Зафирчев остварил повеќе од 60 улоги во театар, телевизија и на филм. Добитник е на сите престижни актерски награди во Македонија, меѓу кои и на највисокото актерско признание `Ристо Шишков`, како и на повеќе меѓународни театарски награди. Од 2004-2006 година Зафирчев е и Претседател на Здружението на драмски уметници на Република Македонија - `Џинот`. Од 2004 година е уметнички директор на Калиопи Мјузик Продукција. Од 2006-2007 година Зафирчев е професор и на Актерскиот Факултет при Славјанскиот Универзитет во Битола. Од 2006-2007 година е професор и по актерска игра во Средното балетско училиште `Илија Николовски-Луј` во Скопје. Од 2006 до 2008 година е вработен во Националната Установа Драмски Театар, Скопје. Денес, Васил Зафирчев е уметнички директор на Театарот `ЈХК-Џинот` од Велес.