User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Столе Попов

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Роден е на 20.08.1950 година во Скопје и е филмски режисер. Во 1973 година дипломира режија на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорот Радош Новаковиќ. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови.

Во периодот од 1974 до 1978 година, има статус на слободен филмски работник. Од 1978 до 1988 година работи како режисер во `Вардар филм`, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста на директор на истото претпријатие. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ. Од 1999 година е член на Европската филмска академија.

Кариерата ја започнува со документарниот филм ОГАН за којшто ја освојува првата награда на Фестивалот на документарен и краткометражен филм во Белград (1974). Филмовите АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1976) и ДАЕ (1979) се документарци за коишто, исто така, е награден на веќе споменатиот Белградски фестивал, а за ДАЕ и на фестивалите во Оберхаузен, Мелбурн и други, како и со номинирањето за Оскар. Од 1981 година Попов го прифаќа предизвикот на играниот филм, каде се докажува како зрел автор. Неговите четири долгометражни остварувања постигнуваат врвни успеси на голем број меѓународни фестивали во светот.

Филмографија:
1970:    Свадба на Шарпланинецот (Избор на музика)
1973:    99 (Режија, Сценарио)
1974:    Оган (Избор на музика, Режија, Сценарио)
1975:    Видувања (Сценарио)
1975:    Кочо Солев Рацин (Асистент на режија)
1976:    Австралија, Австралија (Режија)
1977:    Градежно претпријатие `Маврово` (Режија, Сценарио)
1977:    Пресуда (Помошник на режија)
1979:    Дае (Избор на музика, Режија)
1979:    Добро ни дојде (Режија)
1981:    Црвениот коњ (Режија)
1984:    Попова Шапка (Режија, Сценарио)
1986:    Среќна Нова `49 (Режија)
1991:    Тетовирање (Режија)
1997:    Џипси меџик (Продуцент, Режија)

  • English
  • Македонски