User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Милчо Манчевски

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

(Скопје, 18.10.1959)
Филмски режисер и сценарист.
Студира на Филозофскиот факултет во Скопје историја на уметноста и археологија, потоа заминува во САД и во 1983 година дипломира на Факултетот за филм и фотографија на Универзитетот во Јужен Илиноис.

Покрај приложената филмографија, Манчевски е автор на книгата `Духот на мајка ми`, издадена во Њујорк, на текстови за бендот Бастион, сценарија за музички спотови и реклами, а се појавува и како актер во неколку кусометражни филмови, во два македонски играни филма и во една театарска претстава.

Од 1985 до 1991 г. работи во Њујорк како камерман на документарни и наменски филмови, потоа како монтажер на документарци, асистент-сценарист за индустриски видеа, асистент-осветлител и помошник-режисер на спотови. Од 1994 соработува како режисер на проекти за сите седум холивудски студија.

Во 1995 година Кинотеката на Болоња, Италија, ја организира првата ретроспектива на Манчевски.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: за филмот ПРЕД ДОЖДОТ, номинацијата за најголемата филмската награда Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, наградата Златен лав за најдобар филм на Фестивалот во Венеција, потоа наградата Златен Чарли на Фестивалот во Монс, Белгија, како и Гран при на Фестивалот на фестивалите во Петроград. За филмот ПРЕД ДОЖДОТ, Милчо Манчевски е добитник на наградата 11 Октомври и на уште многу други награди и признанија за својот ангажман во филмската уметност.

Награди
1985 Алтернативи, Белград, Најдобар експериментален филм / 1.72
1992 МТВ, Најдобар рап видео / `Тенеси`
1993 Вилиџ воис, Најдобар видео - второ место / `Тенеси`
1994 Ролинг Стоун магазин, Еден од стоте најдобри музички спотови во историјата / `Тенеси`
1994 Билбоард видео за нов и поп-рок музичар / `Тенеси`
1994 МФФ, Венеција, Златен лав за најдобар филм / `Пред дождот`
1994 МФФ, Венеција, ФИПРЕСЦИ (Награда на критиката) /`Пред дождот`
1994 МФФ. Венеција, УНИЦЕФ / `Пред дождот`
1994 МФФ, Венеција, Премио Чинемавенире / `Пред дождот`
1994 МФФ, Венеција, Прва награда на публиката / `Пред дождот`
1994 МФФ, Венеција, Ролинг Венис, награда од градот Венеција / `Пред дождот`
1994 МФФ, Венеција, Златно лавче, награда на италијанските студенти / `Пред дождот`
1994 МФФ, Венеција, Награда од Меѓународната католичка организација за филм / `Пред дождот`
1994 МФФ, Венеција, Награда на Кодак за најдобар дебитантски филм / `Пред дождот`
1994 МФФ, Сао Паоло, Награда на публиката за најдобар филм / `Пред дождот`
1994 МФФ, Порторико, Награда на жирито за најдобар филм / `Пред дождот`
1994 МФФ, Порторико, Награда на публиката за најдобар филм / `Пред дождот`
1994 МФФ, Порторико, Најдобар режисер / `Пред дождот`
1994 МФФ, Порторико, Најдобар дебитантски филм / `Пред дождот`
1994 МФФ, Стокхолм, Најдобар дебитантски филм / `Пред дождот`
1995 МФФ, Монс, Белгија, Златен Чарли / `Пред дождот`
1995 МФФ, Санкт Петерсбург, Гран при / `Пред дождот`
1995 МФФ Бургос, Шпанија, Најдобар филм / `Пред дождот`
1995 МФФ, Горица, Најдобро сценарио / `Пред дождот`
1995 МФФ, Филм Форум, Братислава, Најдобар филм / `Пред дождот`
1995 МФФ, Пантелериа, Италија, Награда на Унеско / `Пред дождот`
1995 МФФ, Варшава, Награда на публиката / `Пред дождот`
1995 МФФ, Австрија, Награда на Католичката филмска комисија / `Пред дождот`
1995 Давид ди Донателло специјална награда за не-италијански филм / `Пред дождот`
1995 Шведски филмски институт, Златна бубачка за најдобар странски филм / `Пред дождот`
1995 Номинација за Оскар за најдобар странски филм / `Пред дождот`
1995 Државна награда `11 Октомври` / `Пред дождот`
1996 Independent Spirit, Најдобар странски филм / `Пред дождот`

  • English
  • Македонски