Лабина Митевска
Лабина е родена во 1975 година во Скопје, Македонија. Таа потекнува од актерско семејство заедно со нејзината сестра и еден брат. Основно и средно училиште завршува во Скопје, каде потоа оди на факултетот за Уметност и Археологија при универзитетот `Св. Кирил и Методиј` исто во Скопје. Исто така има завршено на европскиот колеџ за филмови во Данска, како и на универзитетот за историја на уметноста во Аризона во САД.
Нејзината кариера случајно ја започнува во познатиот македонски филм `Пред дождот ` (`Before the Rain` (1994)), каде што игра споредна улога, во ликот на Замира – македонско – албанска девојка.
Нејзиниот втор филм, во кој таа има учествувано е `Туку така под облака` (`All of a Sudden Under the Clouds`). Во 1996 година, има играно споредна улога во филмот `Добредојдовте во Сараево` (`Welcome to Saraevo`) во 1996 година, режиран од Мајкл Винтерботом (Michael Winterbottom). Тој ја стави Лабина да учествува во друг филм `Те сакам тебе` (`I Want You` (1998)).
Така во 2000 година, Лабина ја играше главната улога во чешкиот филм Лонерс. Наредниот нејзин филм беше `Штета што Балканскиот експрес беше претходно употребен` (`Too Bad That Balkan Express Was Already Used`), кој беше режиран од нејзината сестра – Теона Митевска. Освен глумењето таа има пишувано есеи кои биле објавувани во весници и списанија (Дневник и Стар). Во 1998 година беше одржана промоција на Европскиот филм `Гаѓање на ѕвезди`, (`Shooting Stars`). Нејзините зборови за филот беа: - Кога првпат го прочитав сценариото, ми се допадна улогата, и уште повеќе се опуштив кога чув дека `Те сакам тебе`, добил мал тим и мал буџет, тогаш работата би се завршила подобро, побрзо, во олеснителни околности. Кога беа снимени деликатните сцени осетив олеснување, со што снимањето на филмот одеше многу полесно. – извадок од интервјуто на Лабина, на балканската премиера на филмот `Те сакам тебе`.