Коле Ангеловски
Роден е во скопје на 14.03.1943 година. Филмски, театарски и телевизиски актер и режисер. Дипломира актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. На филм, како актер, дебитира уште како студент, 1962 година, во југословенскиот филм САША, на режисерот Раденко Остоиќ и ја добива дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата Најдобар млад актер, за улогата во филмот ДА СЕ ДОЈДЕ И ДА СЕ ОСТАНЕ на режисерот Бранко Бауер.
Од 1967 година работи во Драмскиот театар во Скопје. Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ ИРИНА - 1973) ја добива престижната Награда `Кокањ Ракоњац` на филмскиот фестивал во Пула.Тој е автор и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по МИРНО ЛЕТО на Д. Османли, ВИКЕНД НА МРТОВЦИ, за којшто ја добива Наградата `Златна рипка` за режија, на Фестивалот на филмска комедија во Голубац, СР Југославија. Ангеловски се занимава и со театарска режија и има режирано голем број театарски претстави.
Награди: 1963 ФЈИФ Пула, Награда за најдобар дебитант / `Саша`
1965 ФЈИФ Пула, Награда `Најдобар млад актер` / `Да се дојде и да се остане`
1973 ФЈИФ Пула, Награда `Кокан Ракоњац` за најпоетичен филм на режисер дебитант /`Татко`
1988 Фестивал на филмска комедија Голубац (Југославија), Главна награда за режија / `Викенд на мртовци`
1988 Фестивал на филмска комедија Голубац (Југославија), Трета награда од публиката / `Викенд на мртовци`
Филмографија:
1966: До победата и по неа (Споредна улога)
1967: Македонска крвава свадба (Главна улога)
1967: Мементо (Споредна улога)
1967: Патека (Сценарио)
1969: Време без војна (Споредна улога)
1971: Жед (Главна улога)
1971: Македонски дел од пеколот (Главна улога)
1973: Татко (Колнати сме, Ирина) (Режија, Сценарио)
1979: Додека водата тивко шумоли (Режија)
1980: Оловна бригада (Главна улога)
1981: Црвениот коњ (Главна улога)
1982: Јужна патека (Главна улога)
1984: Нели ти реков (Главна улога)
1988: Викенд на мртовци (Режија)