Иво Трајков
Tue, 07/06/2010 - 15:28
Иво Трајков (режисер, продуцент и сценарист) е роден во Скопје, Македонија. Дипломира на ФАМУ во прага, каде се здобива со дипломата магистер по филмска уметност.
По дипломирањето одлучува да остане во Прага и ја започнува својата кариера во Чешка. Неговата филмографија како режисер/сценарист вклучува пет филма: Големата вода`, `Минатото`, `Врската со канарите` и `Јан`.
Има работено во повеќе жанрови како комедија, драма и историска драма. Како продуцент Иво има работено во повеќе од 60 епизоди во критички добро афирмираните документарни серии `Неочекувани умирања`. Иво Трајков моментално живее и работи во Прага и исто така предава на ФАМУ, факултетот каде има дипломирано.