User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Бранко Ѓорчев

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Бранко Ѓорчев е македонски реномиран актер.

Роден е во 1962 година. Дипломира во 1986 година на Факултет за драмски уметности, Универзитет `Кирил и Методиј` Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. До сега има остварено бројни главни и споредни улоги во врвни домашни претстави во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.


Поважни театарски улоги:
Птоломеј - Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009
Кајафа, првосвештеник на Ерусалим - Свето срце,  р. Љубиша Георгиевски, МНТ 2009
Робеспјер - Дантонова смрт, од Георг Бихнер, Народен театар - Струмица, 2005
Ефто - Лет во место, од Горан Стефановски, ДТС, МТФ `Војдан Чернодрински` 2005 Јонадаб – Јонадаб, од Питер Шефер, ДТС, Фестивал `Охридско лето`, 2003
Диониз – Бакхи, од Еврипид, Народен театар - Битола, Интернационален театарски фестивал `Охридско лето` 2002
Мажот - Последиот маж, последната жена, од Јордан Плевнеш, Ефемери театар - Париз, Франција , 2001
Мефисто - Мефисто, од Клаус Ман, ДТС, 2000 Фестивал `Охридско лето` 2000
Гроф Алмавива – Фигаро, од Бомарше, Интернационален театарски фестивал `Охридско лето` Охрид, 1998
Фауст – Фауст, драматизација на Ѓорѓи Јолевски (базирана врз Гете, Марло, Ман, Достоевски, Лохер), Неформална Театарска Група `Квартет`, 1997, Прикажана на Интернационалниот Театарски фестивал за алтернативни претстави `Krakowskie teatralne reminiscencije` Краков, Полска, Март 1998
Неизвестни - Среќата е нова идеја во Европа, од Јордан Плевнеш, ДТС, 1997, Интернационалниот Театарски Фестивал `Aux rivage se notre Europe`, Corbeil-Essonnes, Paris, France Јануари, 1998 Интернационалниот Театарски Фестивал `Charles-Dullin`, Theatre Romain Rolland, Villejuif, Paris, France, Јануари 1998 Македонски Театарски Фестивал `Војдан Чернодрински`, Јуни 1997 Интернационалниот театарски фестивал во Каиро, Египет 1998
Владимир - Чекајќи го Годо, од Семјуел Бекет, ДТС, 1994, Фестивалот на камерна драма `Ристо Шишков`- Струмица, Септември 1995
Столе Апаш - Кога цутеа тиквите, од Борислав Михајловиќ, Народен Театар Куманово, 1992
Трепљов – Галеб, од Антон Павловиќ Чехов, Македонски Народен театар, 1990
Фред - Спасени, од Едвард Бонд, ДТС, 1990
Јасон – Медеја, од Дане Зајц, ДТС, 1989 Стеријно позорје, Нови Сад, 1991, Будва Фест, Будва, Црна Гора 1989 `Охридско Лето`, 1990
Кралот Клавдиј - Хамлет, од Буњуел, Дубровнички летни игри, Дубровник, 1985, МЕСС Сараево , 1986 Алпе Адрија, Нова Горица, Трст и Блед, октомври 1986
Карла од мостот, Гинекологот, Јасновидката - Кинегодна од Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2008

ТВ и Филмски улоги:
Тони - Заведени, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, СД Продукција, 2004
Газдата - Пикасо, р. Аљоша Симјановски, ТВ Филм, МРТВ, 1987
Илчо - Случки од животот, р. Богдан Поп Ѓорчев, ТВ серија од 60 епизоди, МРТВ, 1985
Огнен - Ѕвездите на 42, р. Јане Петковски, ТВ Филм, МРТВ, 1985
Волци, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, 2005
Македонија може, р. Коле Ангеловски, ТВ Серија, МРТВ, 1991
Американецот, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, СД Продукција, 2006
Врме за плачење, р. Коле Ангеловски, ТВ Филм, МРТВ, 2001
Вампирџиите, р. Горан Тренчовски, ТВ Филм, МРТВ, 2002
Погрешно време, р. Драги Вељановски, ТВ Серија, МРТВ, 2003
Мали совети, р. Сашо Павлов, ТВ Серија, Идеа Плус, ДДБ, 2003
Стапица, р. Аљоша Симјановски, ТВ Филм, 2007
Досие К, р. Ванчо Петрушевски и Драги Вељановски,
Остани исправен, р. Кристијан Ристески, краток ТВ Филм, 2005
Подгревање на вчерашниот ручек, р. Костадин Бонев, Игран Филм, БНТ продукција, 2002
Каца, р. Драган Вељановски, ТВ Филм, 1999
Бог да ги убие шпиуните, р. Ацо Алексов, ТВ Филм, 1993

Награди и признанија:
Наградата `Златна маска` за најдобро актерско остварување на фестивалот `Охридско лето` за улогата на Мефисто во претставата `Мефисто`, Вечер, 2000
Наградата за Најдобар актер за 1990 во Р. Македонија, за улогата на Фред во претставата `Спасени`, ревија `Екран` 1990.

  • English
  • Македонски