User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Ансамбл за народни игри и песни `Танец`

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија `Танец` е формиран со Указ на Владата на Република Македонија во 1949 година, како потреба на македонската култура, со цел да го собира и негува македонското фолклорно богатство: орото, песната, инструментите, богатите оргинални носии и да го презентира во земјава и надвор од неа преку концерти, фестивали и други приредби од областа на културата.


Покрај негувањето на фолклорното творештво, `Танец` веќе шест децении народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски постановки ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои представуваат амблем на македонската култура.



Со високата уметничка презентација на овие кореографски поставки, Ансамблот со години ја освојува публиката. Во своето шеесетгодишно постоење, од посебно значење е првото претставување надвор од Македонија, поточно на меѓународниот фестивал во Ланголен - Англија, во 1950 годинa и добивањето на првата награда, што е историски настан за Ансамблот, но и за македонската култура. Всушност овој настан е потврда за успешното презентирање на македонското фолклорно богатство нa Ансамблот.



Во шеесетгодишното презентирање на фолклорното творештво кај нас и во светот, Ансамблот има настапено на над 4500 концерти, фестивали и други културни приредби, со над осум милиони посетители. За успешноста на овој наш презентeр зборуваат големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добивани по разни поводи, концерти и сл., меѓу кои: највисокото државно признание  `Орден за заслуги за Македонија`, републички награди `11 Октомври`, `Климент Охридски`, `13 Ноември` на град Скопје, и други.



Во овие изминати децении со програмите се опфатени голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија меѓу кои и `Тешкото`, како симбол на македонското оро, `Невестинско`, `Комитско`, `Чифте`, `Калајџиско`, `Тресеница`, `Осоговка`, `Драчевка` и други, кои се само дел од она со што располага `Танец`.

Во наредниов период, `Танец` ќе започне и со издавачка дејност. Во постојана подготовка се и материјали за видео, аудио и компакт-дискoви, со кореографии и музичка обработка на ора и песни од репертоарот на Aнсамблот. Со цел да се зачува од пропаѓање, а истовремено и да се збогати фундусот на народни носии, се предвидува откуп на оргинални носии од повеќе краишта во Македонија.

  • English
  • Македонски