User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Славица Петровска – Галиќ

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Славица Петровска-Галиќ, колоратурен сопран магистер по соло пеење оперски и концертен солист.

Дипломирала на Музичката академија во Скопје кај професорот Коста Трпков.Уште како студент настапува на концертите во рамките на концертната активност на факултетот.Учесничка е на конкурсот Чајковски во Москва во 1982 година.Посебно внимание на публиката и стручната критика и стручната критика ,Славица Петровска-Галиќ свртува на себе со својот прв самостоен солистички концерт во салонот 19.19 во 1984 година. Во 1986 година заминува на едногодишна специјализација на Ленинградскиот конзерваториум . За време на тој студиски престој , како исклучително талентирана и способна певица , таа добива две улоги во театарот `Рубинштајн`: улогата на Виолета во операта `Травијата` и Розина во `Севилскиот бербер` кои што со успех ги реализира.

Освен тоа во Ленинград одржува и солистички концерти.  Потоа следува улогата на Амор во операта `Орфеј` од К.В.Глук изведена на фестивалот `Охридско лето`. По кусиот едногодишен ангажман во Мариборската опера каде кон својот репертоар ги додава и улогите на Блонда и Констанца  во Моцартовата опера `Грабнување од сарајот` се враќа во Скопје и во 1987 година добива постојан ангажман во Операта на МНТ.Од тој момент почнува нагорниот пат на С.П.Галиќ, пат на кој од улога до улога се нижат успеси за да се стигне до почетното звање-првенка на Операта на МНТ.

Покрај веќе споменатите улоги на Розина во `Севилскиот бербер`,  Блонда, Констанца од `Грабнување од Сарајот`, сега С.П.Галиќ во својот репертоар ги додава и улогите Адина во `Љубовна напивка`, Хана Главари во `Веселата вдовица`, Оскар во `Бал под маски`, Неда во `Палјачи`, Мизета во `Боеми`, Џилда во `Риголето` и Лучија во `Лучија ди Ламермур`.Од овој респектабилен број на остварени улоги треба посебно да се издвојат улогите на Виолета, Џилда, Лучија и Розина, кои претставуваат креативен врв во нејзините интерпретативни дострели.

С.П.Галиќ гостувала на сите поголеми музички центри на поранешна Југославија, потоа во Бугарија, Грција, Данска, Русија, Италија, Франција, Германија, на фестивалите Скопско, Битолско, Охридско лето, на други музички и културни манифестации, како и во: Вилниус, Каунас, Софија, Пловдив, Благоевград, Сант Петерсбург, Копенхаген, Солун, Рим, Нижни Новгород, Осјек, Риека, Белград, Нови Сад , Загреб, Марибор, Блед и др. Гостувањето на фестивалот `Болдинска есен` во Нижни Новгород (Русија) критиката и публиката го парафразира со слоганот `Славица се прослави -таа со својата инетерпретација ја трогна публиката во салата`. Славица Петровска-Галиќ исто така е добитник на нашето највисоко признание - наградата `11 Октомври` во 2002 година.

  • English
  • Македонски