User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Ирена Кавкалевска

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Ирена Кавкалевска - мецосопран. Основно и средно музичко училиште `Илија Николовски – Луј` во класата на професор Билјана Јакимовска завршила во Скопје. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Благоја Николовски, како еден од шесте најдобри студенти од својата генерација на Универзитетот `Св. Кирил и Методиј`. Се усовршува кај професор Ирена Брмбарова на Вокалниот конзерваториум `Панчо Владигеров,` во Софија, потоа на Високата музичка школа во Грац (Австрија), како и на Музичката академија во Загреб каде магистрирала во класата на професор Дуња Вејзовиќ.

Уште како студент настапувала на голем број концерти и фестивали како ,`Скопско лето`, `Мајски оперски вечери`, `Млади оперски надежи`, `Денови на македонската музика`, `Младински фестивал` во Бајројт (Германија), `Загребачко лето`, како и концертни и оперски настапи во Хрватска, Словенија, Шпанија, Италија, Србија, Бугарија и Македонија. Добитник е на неколку награди. Посетувала голем број семинари кај професорите Тери Елен Роудс, Џорџ Суријан, Конрад Рихтер, Синтија Хансел Бакиќ итн. Во 1996. дебитирала на сцената на МНТ со улогата на Мадалена во `Риголето`, а во нејзиниот репертоар се вбројуваат и улогите на: Кармен (`Кармен`), Амнерис (`Аида`), Фенена (`Набуко`), Прециосила (`Моќта на судбината`), Анџелика (`Сестра Анџелика`), Јулиј Цезар (`Јулиј Цезар во Египет`), Лаура (`Камениот гостин`), Розина (`Севилскиот берберин`), Орловски (`Лилјакот`), Вања (`Иван Сусањин`), Марија (`Цар Самоил`) итн. Од 2003. солист на Операта на Македонскиот народен театар во Скопје.

  • English
  • Македонски