User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Игор Дурловски

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Игор Дурловски е роден во 1977 во Битола, Македонија. Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска. Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во `Евридика` на Џакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта `Посета на старата дама` на Готфрид Фон Ајнем.

Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Доницети, Белини, Росини, лириката и драматиката на Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар. Командувајќи на сцената и исполнувајќи го театарот со својот моќен и елоквентен бас, Дурловски толкува мноштво карактери напишани од познатите автори. Инструментот на овој бас, Македонската опера и балет во периодот 2000 до 2002 година, го користи во продукциите на оперите Лучија ди Ламермур, Трубадур, Дон Џовани, Турандот, Севилскиот бербер, Моќта на судбината, Риголето, Аида и други.

Неговиот мудар славјански тон, кој е вистинско богатство за ушите на слушателите, зема замав и во повеќе оперски куќи во светот. Градејќи вокален климакс, под патронат на диригентот Пол Вајголд, 2001 година Дурловски дебитира во улогата на Nonacourum во операта `Il capello di paglia di Firenze` во продукција на Виенската камерна опера. Тогаш започнува и обликувањето на елегантната вокална техника на овој уметник во камерното студио на КМС Оливера Миљаковиќ. Драматичните и лирски особености на овој бас, со годините, ќе станат препознатливи и по изведбите на оперите од македонски композитори, меѓу кои операта `Лидија од Македонија` и `Цар Самуил`. Во 2003 година тој ја добива наградата `Ѓорѓи Божиков` од Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ за најдобра изведба на композиции од македонски автори. Истата година, Дурловски станува лауреат на интернационалниот натпревар во Белград, Jeunesses Musicales. Мистериозно длабокиот резонантен глас на овој пејач, 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, `Ballo delle Ingrati` и `Euridice`.

Биографијата на Игор Дурловски бележи и концертни изведби на грандиозни дела како Бетовеновата `Деветта симфонија`, Вердиевиот и Моцартовиот `Реквием`, `Радомировиот псалтир` на Димитрие Бужаровски, ораториумот `Клименту` од Властимир Николовски, Симфонијата `Зима` од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивал Охридско лето. Тој е познат во оперските куќи, меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот народен театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската опера, Битолската опера и други. Соработувал со Wienna Residense Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика `Алеа`. Игор Дурловски живее и работи во Виена и се усовршува во камерното студио на Камерзингерин Оливера Миљаковиќ.

  • English
  • Македонски