User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Ана Дурловски

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Ана Дурловски – сопран, е родена 1978 во Штип, Македонија. Од 1997 до 2001 студирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска. Веќе неколку години, харизматичниот сопран Ана Дурловски го освојува светот. Со своите треперливи и возвишени линии и истенченото чувство за ритам, таа ги слика музичките стилови, сепак најмногу користејќи го Моцарт како медицина за гласот. Сребреникавиот глас на Дурловски беше забележан уште на нејзиното деби во 2000 год. кога ја толкуваше Лучија ди Ламермур. Оттогаш, фокусираниот транспарентно светол тон на овој сопран станува одбележје на белканто репертоарот во продукциите на Македонската опера. На оваа сцена таа ги толкува и Дона Ана во `Дон Џовани`, Кралицата на ноќта во `Волшебната флејта`, Адела во `Лилјакот`, Антоанида во `Иван Сусањин`.


Физичката убавина, драматичниот оган и лирскиот интензитет кои ги поседува Дурловски ја носат и на сцените во оперските куќи во светот. Во 2001 год. таа започнува да ја украсува својата софистицирана вокална техника во Виена, во Камерното студио на Камерзингерин Оливера Миљаковиќ. Извонредната контрола на гласот во сите регистри, интонативно прецизниот тон, чувството за фраза, за напати придушената динамика, а на други места ослободената експресија му обезбедуваат на овој сопран соработка со оперските куќи од Виена, Берлин, Мајнц, Франкфурт, Загреб, Осиек, Сплит, Сараево, Софија, Букурешт, Белград, Тирана и други. Резонантниот глас кој ги допира и небесните височини го препозна и фондацијата Музички театар за Југоисточна Европа и од 2005 год. Дурловски е стипендист на оваа институција. Во 2006 Ана Дурловски е добитник на наградата `Маријана Радев` за најдобро женско оперско остварување во Хрватска.



Оваа пејачка која носи енормен еротизам и пее не помалку од импресивно. Во јуни 2006 год. дебитира на сцената на реномираната Виенска државна опера со улогата на Кралица на ноќта во `Волшебната флејта`.

  • English
  • Македонски