User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Катерина Кипроска

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Катерина Кипроска, првенка. Родена на 26.07.1971 година во Гостивар. Комплетно основно и средно балетско образование го завршува во МБУЦ `Илија Николовски Луј` во класата на проф. Елисавета Кушовска. Во МОБ - Балет е вработена од 1990 година. Во 1993 година престојува 3 месеци во Националниот балет во Торонто, Канада. Веќе од 1996 година добива статус на првенка во МОБ - Балет, Скопје. Во 1997 година престојува 1 месец во театарот Станиславски во Москва. 2004 година дипломира на Академијата за Музичка и танцова уметност во Пловдив, Бугарија. Во периодот од 2004 до 2006 година е Уметнички директор на МОБ - Балет. Од 2006 година е Уметнички директор на Европскиот Колеџ - Атина.

Во својата кариера има одиграно многу улоги, меѓу кои се: Одета и Одилија во `Лебедово езеро`, Жизел во `Жизел`, Маша во `Оревокршачка`, Јулија во `Ромео и Јулија`, Китри во `Дон Кихот`, Никија во `Бајадерка`, Дона Ана во `Дон Жуан`, Бес во `Порги и Бес`, Есмералда во `Есмералда`, Црна Роза во `Танго`, Саби во `Ташула`, Снежана во `Снежана и 7 - те џуџиња`, Жена во `За непознатиот`, Жена во `Големиот Бах`, I Девојка во `Македонска повест`, Вила во `Танц на кадетите`, 7-ми Валс во `Шопенијана`. Како гостинка настапувала во: Колумбија (Богота, Тунха, Букараманга, Меделин, Кали, Ибаге, Попајан, Картахена, Баранкиља, Синселехо); Перу (Лима); Тајван (Тајпеј, Тајчунг); САД (Њујорк); Бугарија (Варна, Бургас); Германија (Улм, Лајпциг); Србија (Белград, Нови Сад); Хрватска (Загреб, Дубровник); Русија (Москва, Сан Петербург); Црна Гора (Подгорица, Тиват, Будва); Португалија (Лисабон); Грција (Солун). Натпревари: 1988 год. во Нови Сад - III место и бронзена плакета; 1991 год. во Нови Сад - III место и бронзена плакета; Делта прес 2005 год. награда за значителни остварувања во уметноста. Меѓународни натпревари: Париз (Франција), Хелсинки (Финска), Варна (Бугарија).

  • English
  • Македонски