Искра Шукарова
Искра Шукарова, кореограф и истакнат солист. Завршила нижо и средно Музичко балетско училиште во Скопје отсек класичен балет. Современ балет студира на Конзерваториумите во Лион, Франција. Дипломира Историја на уметноста и Археологија на универзитетот `Св. Кирил и Методиј` во Скопје. Магистрира танцови студии во Лабан центарот во Лондон.
Од 1991 година се придружува на балетскиот ансамбл на Македонскиот народен театар каде работи како истакнат солист и кореограф. Од декември 2002 е уметнички раководител на Балетскиот ансамбл при МНТ. Како кореограф има работено на следниве проекти: `Пастели`, `Инферно`, `Четири годишни времиња`, `Бесконечно патување`, `Четири слики во движење`, `ЉБ-2`, `Играј со мене`, `Надвор од тангентата`. Учествувала на курсеви и семинари во: Брисел (Белгија), Виена (Австрија), Њу Јорк (САД), Дрезден (Германија), Братислава (Словачка), Букурешт (Романија), Корфу (Грција). Гостувала во : Варна и Софија (Бугарија), Будва и Белград (СиЦГ), Лондон (Велика Британија), Атина и Солун (Грција) и др.