Ана Ројдева
Ана Ројдева, сопран. Родена 02.08.1978 година во Скопје. Завршила соло пеење на Факултетот за Музичка уметност во класата на професор Марија Муратовска-Наумова. Во текот на студирањето настапува на концерти организирани од ФМУ и на мајсторската школа на Мирела Паруто и Антонио Боаје во рамките на Интерфест -Битола. Нејзин постојан ментор е М.р Славица Петровска-Галиќ, Уметнички директор на Операта при МОБ и првенец на Операта .
Во 2001 дебитира на сцената на МОБ со улогата на Берта во `Севилскиот берберин` од Џ.Росини потоа Церлина во `Дон Џовани` - В.А.Моцарт, Фраскита во `Кармен` - Ж.Бизе, Антонида во `Иван Сусанин`- М.Глинка, Адела во `Лилјакот`- Ј.Штраус и Каролина `Таен брак`-Д.Чимароза отворање на Скопско лето ,Фрау 1 во операта `Посета од старата дама`, како и учество на Гала оперски концерти на МОБ , во рамките на Штипско лето,Битолско лето и Скопско лето. Од 1 Септември 2004 година е стипендист на Централно Источниот Европски музички театар од Виена. Од 2005 е солист во Операта при Македонската Опера и Балет.