User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Александра Мијалкова

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Александра Мијалкова е родена на 24.06.1973 година во Скопје. Основно и средно балетско образование завршува во МБУЦ `Илија Николовски Луј` во Скопје, во класата на балетскиот педагог Ѓурѓица Јовановска. Во 2006 година дипломира на `Украинската Академија за танц - Киевски факултет за кореографија на меѓународниот Славјански Универзитет`, отсек педагог - репетитор за класичен балет. Од 1991 година е вработена во Македонската Опера и Балет како редовен член на балетскиот ансамбл.

Презентирајќи го својот голем балетски потенцијал настапува во целокупниот балетски репертоар. Поради сите овие карактеристики во 1998 година постанува прима балерина. Како носител на солистичките улоги се истакнува во својата индивидуалност, сензибилност, комплетно исполнување на сцената и висока професионалност. Во нејзиниот широк репертоар на улоги спаѓаат и улогите на: Одета и Одилија `Лебедово Езеро`, Жизела `Жизел`, Китри `Дон Кихот`, Медора `Корсар`, Маша `Оревокршачка`, Забеида `Шехерезада`, Есмералда `Есмералда`, Јулија `Ромео и Јулија`, Екатерина `Ана Каренина`, Мазурка `Шопенијана`, Бес `Порги и Бес`, Ташула `Охридска робинка Ташула`, Девојка и Иштар `Еп за Гилгамеш`, Девојка `Македонска повест`, Вереница `Песни за љубовта и смртта`, Кансатнца Вебер `Златно перо`, Црвена жена `Пинк Флојд`, Солистка `Наполи`, Ленор `Танго`, Девојка `Бесконечно патување`, Неда `Силјан Штркот`…

Учеството на интернационалните натпревари во Варна, Париз, Москва, Белград, Нови Сад, крунисано со големи награди како златна плакета во Нови Сад и II место на Југословенскиот балетски натпревар во Белград се само уште еден доказ за квалитетите на Мијалкова како прима балерина. Со ансамблот на Македонската Опера и Балет има остварено и многубројни гостувања надвор од границите на својата земја во: Србија, Црна Гора, Хрватска, Турција, Англија, Грција, Канада, Русија, Украина.

  • English
  • Македонски