User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Весна Гиновска – Илкова

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Весна Гиновска - Илкова, сопран. Афинитетите кон музиката почнува да ги покажува на 8 годишна возраст посетувајќи часови по виолончело во Нижото музичко училиште `Илија Николовски – Луј` во Скопје. На возраст од 14год. го започнува школувањето по соло пеење кај Проф.Милка Ефтимова, која е и нејзин професор во текот на студирањето на Факултетот за музичка уметност, на кој дипломира во 1994год. Во текот на 1993год. ги започнува своите интернационални настапи, од кои прв е настапот на отворената сцена на театарот `Ди Марчело` во Рим - Италија.

Во 1995год. ја започнува својата специјализација кај Проф.Благовеста Карноблатова во Бугарија, а истата година во Македонија работи и со француската солистка Гимет Лоранс со која подоцна и настапува.Дебитира на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје во улогата на Микаела во Бизеовата `Кармен` превземајќи го целокупниот репертоар во кој се вклучуваат улогите: Леонора (Трубадур), Тоска (Тоска), Дона Елеонора (Моќта на судбината), Мими (Боеми), Елизабета Валуа (Дон Карло), Сантуца (Кавалерија Рустикана), Аида (Аида), Лиу (Турандот), Марија (Приказна од западната страна), Ирена (Цар Самуил). Интернационалната презентација ја започнува во 1998год. со настапот во Софија како Елизабета Валуа (Дон Карло), а и во Тоска, Трубадур, Моќта на судбината, Отело; во Србија и Црна Гора со: Трубадур, Тоска, Мадам Батерфлај; во Словенија со Отело и Трубадур. Како Аида настапува во Хрватска, Турција, Данска. Како Девојката од Запад во Визбаден - Германија и како Тоска во Италија. Во 1996год станува добитник на признание на `Ханс Габор Белведере` фестивалот за млади пеачи; 1998год е полуфиналист на фестивалот `Борис Христов`; 2000год ја исполнува улогата на Елизабета Валуа (Дон Карло) како финалист на фестивалот `Борис Христов`; 2002 е добитник на наградата `13 Ноември`. Настапува со Радмила Бакочевиќ, Калуди Калудов, Борис Трајанов, Румен Дојков, Јанез Лотриќ, Бојко Цветанов, Бела Перенз, Стојан Попов, Помпеј Хрштенау, Луција Папа и др. а под диригентските палки на маестрата Најден Тодоров, Тошио Јанагисава, Ено Кочо, Лоренз Волтолини, Павле Дешпаљ, Зоран Јураниќ, Милена Ињац, Јон Јанку, Ангел Шурев, Фимчо Муратовски, Александар Лековски, Томислав Шопов, Саша и Вања Николовски, Оливер Балабурски и др.

  • English
  • Македонски