User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Симон Трпчески

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Пијанистот Симон Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот дека Трпчески е еден од најдобрите пијанисти на сите времиња.

Симон работи редовно со листа на диригенти која ги вклучува имињата Зинман, Ендру Дејвис, Маазел, Јуровски, Тортелие, Папано, Ашкенази, Дотуа, Алсоп, Дудамел, Петренко и Носеда. Тој интензивно настапува во Обединетото Кралство, вклучувајќи ги редовните настапи во Лондонската симфонија, Филхармонискиот оркестар, Лондонската филхармонија, Бирмингемската симфонија и Оркестарот Хале.

Во Северна Америка, тој редовно настапува во многу оркестри, вклучувајќи ја Њујоршката филхармонија, Оркестарот во Филаделфија, Чикашката симфонија, Питсбург и оркестрите во Лос Анџелес, Сан франциско, Балтимор, Питсбург и Торонто. Во Азија и Австралија, Симон има настапувано во Филхармонијата Нова Јапонија, Хонг Конг филхармонија, Сеулската филхармонија, симфониските оркестри во Сиднеј и во Мелбурн и во Новозеландската симфонија.  

Симон е извонреден солист и имал соло настапи во градови како Њу Јорк, Лондон, Токио, Париз, Минхен, Прага, Милано, Хамбург, Билбао, Даблин, Сиетел, Торонто, Сан Франциско, Портланд, Атланта и Ванкувер, настапувал на главната сцена во Концертгебау, како и во генералштабот на Обединетите Нации по повод затворањето на шеесет и шестото заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации, на покана на претседателот Срѓан Керим.

Роден во Република Македонија во 1979 година, Симон Трпчески има освоено награди на интернационални натпревари по пијано во Обединетото Кралство, Италија и Чешката Република. Од 2001 до 2003 година, тој бил член на листата на личности од Новата Генерација на ВВС, а од Мај 2003 година ја добина наградата за Млад Изведувач од Кралското Филхармониско Друштво. Во 2002 година диломира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, каде има учено со професорот Борис Романов.

  • English
  • Македонски