Саша Николовски – Ѓумар
Саша Николовски-Ѓумар е роден во 1966 година во Битола. Дипломира на ФМУ на отсекот за музичка теорија и педагогија и на отсекот за композиција и диригирање кај проф. Фимчо Муратовски.
Уште како студент е активен на музичката сцена - како диригент на академскиот хор `Мирче Ацев`, уметнички директор и диригент на оркестарот на Музичката младина на Македонија, основач и диригент на интернационалниот оркестар `Синтезис`, настапувајќи во нашата земја и надвор од неа (Крајова, Будимпешта, Сараево). Во меѓувреме бележи настапи и со Македонската филхармонија, Македонската Опера и со хорот и оркестарот на ФМУ.Во 1996 год. специјализирал на конзерваториумот `Николај Римски-Корсаков` во Санкт Петербург, Русија, кај еминентните педагози Илија Мусин и Николај Кукушин. Во 1999 година ги завршува постдипломските студии на музичката академија `Панчо Владигеров` во Софија кај проф. Васил Казанџиев. Во моментот работи како доцент на ФМУ - Скопје по предметите диригирање, оркестар и хор.