User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Драган Даутовски

Роден е во 1957 година во село Русиново, беровско. Има дипломирано на Универзитетот `Св. Кирил и Методиј` во 1984 година, отсек музичка теорија.

Има компонирано за многу инструментални и вокални солисти, групи и оркестри, вклучувајќи ја употребата на фолклорни инструменти снимени во Македонија и околината. Покрај ова исто така има предавано на Универзитетот `Св. Кирил и Методиј` како професор за инструментите кавал, гајда и тамбура.

Во 1992 година го формира ансамблот `Миле Коларовски`. Со овој ансамбл има одржано многу концерти во Македонија и странство. Исто така овој ансамбл има снимено многу плочи за Македонската радио телевизија.

После успехот со ансамблот `Миле Коларовски` и учеството на натпреварот за филмот `Пред дождот`, тој ја формира групата ДД Синтезис во 1995 година. Почетната идеја била да се истражи длабоко македонското фолклорно и етничко богатство.

Тој е музичар со извонредни практични способности и знае да свири на повеќе од дваесет музички интрументи.

  • English
  • Македонски