User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Олгица Дојчиноска Момировска

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Олгица Дојчиноска Момировска заедно со Милена Кузмановска се сопственици на Студиото за моден дизајн `Чарли`. Олгица е Дипломиран Моден дизајнер на Accademia Italiana Skopje (Академија Италијана Скопје) од Јуни 2009 година. Има учествувано на повеќе семинари и проекти како во Македонија така и во странство.

Нејзини позначајни активности и колекции се: `Свилената колекција на Чарли` (Charlie`s silk collection) – хуманитарна модна ревија одржана во ресторанот `Ден и Ноќ` во Скопје; Колекцијата `Свилени чанти` (Silk bags) во 2005 година; Проектот `Орнамент` наменет за оживување на Старата скопска чаршија во 2005 година; Изработка на историски костуми од 15-от век за Академија Италијана – Скопје во 2007 година; Изложба и модна ревија – костуми за капење на Денови на италијанскиот јазик и култура во Музејот на современа уметност во Скопје, 2007 година; Изложба и модна ревија `Less is more or less is bore` (Помалку е повеќе или помалку е здодевно) во Сасол Театарот во Фиренца, Италија во 2008 година; ТВ емисијата `Поинакви` на Сител ТВ во сезоната 2008/09 година; Изложба и модна ревија за Академија Италијана во Дом на АРМ во Скопје, 2009 година; ТВ емисијата `Мали тајни` во 2009 година; Проектот `Чарли за ВИП` (Charlie for VIP) – дизајн и изработка на работните униформи за мобилниот оператор ВИП во 2009 година; Реализација на модната ревија `Паднати ангели на скршени чаши` (Fallen angels on broken glasses) во Белград, 2008 година; Проектот `Чарли за Апекс` (Charlie for Apex) во 2009 година; Член на ММФ (Македонска Модна Формација) од февруари 2010 година и др.

  • English
  • Македонски