Никола Ефтимов
Никола Ефтимов (роден на 6-ти октомври 1968 година во Скопје, Република Македонија) е македонски моден дизајнер и визуелен артист. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (Графичка уметност и Моден дизајн, 1993 година) а магистрирал на Академија Италијана во Фиренца, Италија.

После тригодишно работно искуство (2006-09) како академски менаџер и професор на Академија Италијана во Скопје, тој моментално работи на истражувањето за неговата магистерска теза. Во октомври 2009 година тој почнува да предава на Факултетот за Арт и дизајн на Европскиот Универзитет во Скопје. Никола има широк спектар на професионални интереси (модата како уметност, модата како комуникација, теорија и историја на костумите и модата, експериментални модни техники, машка облека, хорт и култура, фотографија) а неговата работа е фокусирана на истражувањето на родот, културолошки и социјални аспекти на облеката и модата.

Од 1994 до 1997 година тој учествува на групни изложби на графичка уметност и цртање (1997, Македонско цртање `96 – Награда од Националната и Универзитетска библиотека во Скопје). Периодот помеѓу 1992 и 2010 година е обележан со интензивна работа на полето на модата и дизајнот. Во 2005 година ја освојува наградата `Кока Кола лајт моден дизајн` што му овозможува презентација на победничкиот дизајн во Фиренца и позиција на професор на Академија Италијана во Банког (2005-2006).
