User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Ненад Секирарски

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Ненад Секирарски е роден во Куманово и кај него интересите за изработка и дизајн на фустани почнува на многу рана возраст. Го поминува поголемиот дел од своето време во развој на разни вештини од областа на изработка на шаблони па до разновиден тип на рачна изработка. Тој исто така ги истражува и ги подобрува своите способности во опсервација и техничка изработка што му помага да ги примени во своите дизајни.

Во 1993 година, како студент на Универзитетото во Белград, ја претставува својата прва колекција и ја одржува првата модна ревија што тоа ја одредува неговата понатамошна професионална патека како моден дизајнер за дами.


Започнува со дизајнирање на луксузни свечени фустани и исклучителни венчални фустани со силна и единствена визија. Како непресушна инспирација неговата жена е модерна и силна, но во исто време елегантна и како од соништата. Низ годините, неговите фустани ги носат влијателни дами од македонскиот јавен и културен живот што создава препознатлив печат на она што може да се нарече Македонска мода.


По периодот на дизајнирање за различни модни куќи и брендови, Секирарски го отвара своето ателје Секирарски во Скопје, Македонија. Тој ги создава своите колекции земајќи ги во предвид потребите на неговите клиенти од Македонија и регионот, но исто така ја користи и својата креативност и оригиналност во создавањето на личниот печат. Исто така тој со неговиот успешен тим создава облека по мерка за индивидуални клиенти кои даваат личен допир од дизајнерот на секое поединечно парче облека што излегува од атељето.


Колекциите на Секирарски се гламурозни и префинети. Тој има чувство за спојување на наследството од генерации на македонски декорации и орнаменти со елементи кои се модерни, практични и космополитски во исто време. Тој експериментира со кројот кој ја следи линијата на силуетата правејќи ја `течна`, но нагласувајќи ја линијата со вез, апликација со монистри и други техники на рачна доработка. Користењето на природните материјали го дава финалниот став за облеката и нејзиниот рафиниран квалитет.


Неговите колекции се претставени на бројни модни ревии, модни недели и настани во Македонија и во многу други земји како што се Романија, Србија, Албанија и Италија, но исто така има учествувано на настани во Велика Британија и САД.  Секирарски соработува и со повеќе пејачи и ТВ новинари од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија како стајлинг консултант за нивни јавни појавувања и снимања.

  • English
  • Македонски