Моден дизајн
Никола Ефтимов
Никола Ефтимов (роден на 6-ти октомври 1968 година во Скопје, Република Македонија) е македонски моден дизајнер и визуелен артист. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (Графичка уметност и Моден дизајн, 1993 година) а магистрирал на Академија Италијана во Фиренца, Италија.
Ненад Секирарски
Ненад Секирарски е роден во Куманово и кај него интересите за изработка и дизајн на фустани почнува на многу рана возраст. Го поминува поголемиот дел од своето време во развој на разни вештини од областа на изработка на шаблони па до разновиден тип на рачна изработка. Тој исто така ги истражува и ги подобрува своите способности во опсервација и техничка изработка што му помага да ги примени во своите дизајни.
Милена Кузмановска
Милена Кузмановска заедно со Олгица Дојчиноска Момировска се сопственици на Студиото за моден дизајн `Чарли`. Милена е Моден дизајнер и Make-up артист и е Дипломиран Моден дизајнер на Accademia Italiana Skopje (Академија Италијана Скопје) од Јуни 2009 година. Има учествувано на повеќе семинари и проекти како во Македонија така и во странство.
Олгица Дојчиноска Момировска
Олгица Дојчиноска Момировска заедно со Милена Кузмановска се сопственици на Студиото за моден дизајн `Чарли`. Олгица е Дипломиран Моден дизајнер на Accademia Italiana Skopje (Академија Италијана Скопје) од Јуни 2009 година. Има учествувано на повеќе семинари и проекти како во Македонија така и во странство.
