Археолошки локалитети
Скопски аквадукт
Скопскиот аквадукт се претпоставува дека го изградил Јустинијан I во период од 527 - 554 година, па поради тоа се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Постојат и претпоставки дека тој е изграден во 16 век за време на отоманската империја. Аквадуктот се наоѓа северно од центарот на град Скопје на одалеченост 3 км воздушна линија од плоштадот Македонија, односно 5-6 км по земјен пат.
Брждански манастир, Кичево
Бржданскиот манастир кој се наоѓал во месноста „Богоројчина краста“ претставува енигма до денешни дни. Податоците за неговото постоење се оскудни, повеќето се од усни преданија. Локалитетот е неистражен и за жал се забележливи дупки од диви копачи кои бараат вредни предмети.
Археолошки локалитет Вардарски Рид – Гевгелија
Вардарски Рид со својата позиција и конфигурација лесно одговара на потребите за населбинско живеење во речиси сите праисториски и антички периоди.
Античка астрономска опсерваторија Кокино
Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во североисточниот дел на Мекедонија, во близина на границата со Србија. Таа се наоѓа во атарот на селото Кокино, на границата со селото Арбанашко. Целиот регион денес е ретко населен, така што во десетината околни села живеат помалку од 1000 жители.
Доцнотермално Римско лекувалиште, Банско, Струмица
Римјаните преку нивните градежни активности оставиле видливи траги во ова подрачје. Еден од најрепрезентативните докази за тоа е објектот на доцноримското термално лекувалиште во Банско, на 12 км југоисточноно од Струмица, под падините на планината Беласица.
Кастелот kај Пчиња
Кастелот кај реката Пчиња се наоѓа на 26 км југоисточно од главниот град Скопје и е на автопатот Скопје - Солун. Живописниот крајолик кон запад се издолжува, а реката Пчиња ги заобиколува стрмните карпи од тој предел формирајќи возбудлива форма на еден разигран речен полуостров.
Залив на Коските – Охридско Езеро
Во 1997 година се извршени првите подводни археолошки истражувања во Македонија на локалитетот Плоча Миќов Град во Заливот на Коските, покрај јужниот брег на полуостровот Градиште, близу селото Пештани. На длабочина од 3,00 до 5,00 метри биле откриени многубројни дрвени колци закачени на дното од езерото и многуброен движен археолошки материјал со хронолошка припадност на крајот од бронзеното и почетокот на железното време.
Македонски тип гробница од Старо Бонче
Археолошкиот локалитетот Павла Чука се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена.
Античкиот град на Исарот Валандово
Археолошкиот локалитет ИСАРОТ се наоѓа во непосредна близина на селото Марвинци, седум километри југозападно од Валандово.
